Иџе: Сакам со победа да го израдувам македонскиот народ

Игор Стефановски – Иџе имаше добар настап на премиерната трка од ЕТЦЦ шампионатот во Монца, па македонскиот автомобилист се најде во фокусот на јавноста во пресрет на утрешното натпреварување на патеката „Хунгароринг“. Тој откри дека се соочил со проблеми за време на тренинзите, но сепак очекува добар настап на утрешните две трки.

Трката во Монца беше многу добра, прва со ова возило, прва со мојот тим и севкупно гледано тоа беше добар викенд за мене. Не размислувам предалеку, одам трка по трка и искрено се надевам дека во Унгарија ќе се најдам во Топ 3. Имав проблеми со пумпата за гориво при првите тестови, при вторите поради дождот моравме да ги штедиме гумите за трката, но во секој случај се чувствувам подготвен за предизвикот“ – истакна Иџе за официјалната веб-страница на ЕТЦЦ.

Македонскиот автомобилист беше прашан и за амбициите за оваа сезона во ЕТЦЦ првенството.

Моја желба е да се најдам меѓу најдобрите тројца возачи. Сепак, ова е поинаква категорија на возење со врвна конкуренција. Не е лесно, но сонувам еден ден да станам европски шампион. Сезоната е долга, има уште многу трки, мое е да освојувам поени на секоја од нив. Искрено се надевам и на победи, бидејќи македонската јавност ги следи моите настапи и би сакал да го израдувам својот народ со триумфи во оваа силна конкуренција“ – порача Стефановски.

Се вчитува...