Иџе се искачи на подиумот во Имола

Игор Стефановски – Иџе успеа да се искачи на пиедесталот на трката во Имола, по голема битка стигнувајќи до третата позиција.

Трката беше максимално интересна, а Стефановски пред крајот имаше и малку среќа, откако возачот пред него се соочи со проблеми со автомобилот, па Македонецот „скокна“ на третото место, со десет секунди послабо време од победникот Енрико Бетера.

По малерите и судиските неправди на претходните трки, денешниот успех ќе биде само мотив повеќе за Стефановски да продолжи со добро возење и на наредните натпреварувања.

Се вчитува...