Иџе со победа и нов рекорд во Шпанија

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска ја однесе победата во Шпанија, на ридските патеки во рамките од ФИА Европскиот шампионат. Воедно, покрај победата и освоениот пехар, тој постави и нов рекорд.

Ова беше трета трка во рамките од шампионатот. Претходно во Австрија, Иџе освои едно прво место и едно второ место.

„Македонија е мала земја, но од таму доаѓа најголемиот! -ИЏЕ. Победа и нов рекорд во Шпанија“, стои на официјалниот профил на Игор Стефановски.

Се вчитува...