Иџе со подиум на легендарната Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои третото место на денешната трка од ТЦР Италија што се возеше на легендарната патека Имола. Откако вчера немаше среќа на првата трка, Македонецот денеска беше еден од најдобрите и успеа да се искачи на победничкиот подиум.

Првопласиран на денешната трка беше Редуци, а второто место му припадна на Тавано, двајцата од Италија.

Стефановски беше единствениот автомобилист странец во Италија на овие две трки во Имола на кој учествуваа вкупно 22 возачи.

Се вчитува...