Иџе Стефановски победи на патеката во Швајцарија (ФОТО)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски забележа уште еден извонреден успех со победата на трката на патеката Сент Урсен во Швајцарија.

Стефановски беше најдобар по двете трки во Швајцарија. Најпрво на првата трка го освои првото место поставувајќи и нов рекорд.

Потоа беше најуспешен и во втората трка за освојување на трката во Швајцарија.

До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а брендамбасадорот на Видеолотарија, Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки  е на првата позиција, по осум трки.

Се вчитува...