Иџе Стефановски седми на „Валелунга“ во Италија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на седмата позиција на првата трка на патеката „Валелунга“ во Италија. Тој утре ќе вози уште една трката на истата патека во ТЦР-шампионатот.

Иџе стартуваше од десеттото место, а до крајот успеа да го подобри пласманот за три позиции. Првото место му припадна на Италијанецот Брилјадори од Италија, а на подоумот се искачија и Жардели и Тавано.

Се вчитува...