Иџе Стефановски триумфално и во Словенија, на само една трка до европска титула

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи и на претпоследната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕНС), која викендов се возеше во Словенија.

Стефановски триумфираше и на двете поединечни трки на деветтиот натпревар во рамките на европското натпреварување, притоа со нов запишан рекорд на патеката.

За македонскиот автомобилист сега останува само уште една една трка до крајот на шампионатот. Брендамбасадорот на Видеолотарија, Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по девет трки.

Се вчитува...