Иџе во поход на легендарната „Монца“

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе по екипирањето на првиот македонски национален тим АКК Стефановски, ќе настапи на стартот на ФИА ЕТЦЦ шампионатот, закажан за 30 април на легендарната патека „Монца“.

Само за потсетување, Иџе лани триумфираше на патеката „Имола“, по што „летечкиот Македонец“ сега ќе се обиде да го повтори истиот успех и на неделната трка на најпопуларната италијанска автомобилистичка патека.

Како што јавуваат од неговиот табор, Стефановски ќе даде се од себе со цел да овозможи македонската химна и македонското знаме да бидат дел од победничкиот пиедестал по трката во Монца. Тој ќе го вози автомобилот на АКК Стефановски, Сеат Леон со спецификација ТРЦ модел 2017. Автомобилот, екипата и Иџе комплетно се подготвени за предизвикот кој следи на легендарната Монца.

Националниот автодром во Монца се наоѓа во непосредна близина на Милано. Изграден е во 1922, а во 1980 и 2000 претрпе одредени измени. Важи за најлегендарна патека. Ја посакуваат и тркачите, најмногу заради самата атмосфера која ја следи.

Преносот од трката во Италија ќе се врши директно на националниот јавен сервис, во 9 часот во недела на 30ти април.

Се вчитува...