Ига Швјонтек е прва четвртфиналистка на мастерсот во Торонто

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Ига Швјонтек е првата четвртфиналистка на тенискиот турнир од серијата ВТА 1000 во Торонто.

Швјонтек ја совлада Украинката Марта Костјук со 2-1, по сетови 3-6, 6-1, 6-2 во меч од четвртото коло.

Нејзина следна противничка ќе биде победничката од дуелот меѓу Американката Џесика Пегула и Дијана Шнајдер.

Се вчитува...