Ига Свјотек оди во карантин поради претседателот на Полска

Победничката на Ролан Гарос, полската тенисерка Ига Свјотек заминува во задолжителен карантин поради тоа што имала контакт со лице позитивно на Covid-19. И тоа не било кој, туку претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Таа во наредните десетина денови ќе остане во изолација поради мерките на заштита од коронавирусот.

Ига Свјотек стана првата полска тенисерка која успеала да освои гранслем – трофеј откако во финалето на Ролан Гарос ја совлада Софија Кенин со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).

Се вчитува...