Игњатовски организационен директор во Чешка, Пејковска делегат на Кипар

Продолжува довербата на Комисиите на УЕФА кон претстанивците на ФФМ за настапите во Европските купови. Жарко Игњатовски ќе биде организационен директор во првото коло во групната фаза во Лигата на европските шампиони на мечот во Чешка мегу Викторија Плзен и белгискиот клуб Унион С.Г.

Тој ќе ја врши оваа функција на сите натпревари на Викторија Плзен додека ги игра мечевите на свој терен во Лигата на Европа. Средбата се игра на 16 септември.

Александра Пејковска ќе патува на Кипар каде ќе ја врши улогата на делегат на натпреварот меѓу Омонија и шпанската екипа Селта Виго во рамките на првото коло од групната фаза на Лига на Европа. Мечот се игра на 17 септември.

М.М

Се вчитува...