Игокеа се засили со НБА шампион

Претставникот на БиХ во АБА-лигата, тимот на Игокеа го потпиша поранешниот НБА шампиoн, Дорел Рајт. 31-годишниот Американец е најзвучното засилување за екипата за оваа сезона, но проблем може да претставува фактот дека паузирал од кошаркарски активности речиси една година.

Рајт има богато искуство од 21-годишната кариера во НБА-лигата. Драфтуван во 2004 година како 19. пик на Мајами хит, со истата франжиза само две години подоцна стана шампион на елитното натпреварување.

Покрај тимот на Мајами, за кој Рајт играше во два наврати, има настапувано за Портланд, Филаделфија, но најдобри партии прикажа во дресот на Голден стејт вориорс.

Се вчитува...