Игор Алексовски на голот на Работнички идната сезона!?

Работнички е многу блиску до ангажман на Игор Алексовски на голот за следната сезона. Поранешниот младински но и сениорски репрезентативец ќе биде чуварот на мрежата на „романтичарите“, кои останаа без прв голман по заминувањето на Ристе Јанков зимоска, а сега си отиде и Бурхан Мустафа.

Алексовски досега беше дел од Ренова, каде бранеше на последните неколку натпревари од изминатата сезона. Во минатото овој голман беше дел и од Вардар, Шкупи и Македонија ЃП.

Тој беше голман на младата репрезентација која во 2017 година бранеше на ЕП во Полска за играчи до 21 година. Беше дел и од сениорскиот национален тим, и кога требаше да дебитира против Шпанија, се повреди на загревањето, и во последен момент отпадна.

Претходно Работнички го промовираше Љупчо Марковски за нов шеф на стручниот штаб.

Се вчитува...