Игор Ангеловски со победа над Индија стартуваше на клупата на Таџикистан

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски со победа го стартуваше своето селекторување на клупата на репрезентацијата на Таџикистан.

Таџикистан денеска триумфираше со убедливи 3-1 против Индија на пријателскиот натпревар, што беше и прв за Ангеловски на селекторската функција кај победничкиот тим.

Домашните поведоа со голот на Бобоев уште во 9. минута од пенал, а потоа стрелци беа и Каримов и Панчшанбе за водство од 3-0. Селекцијата на Индија во финишот само успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...