Игра – „ѓузел чок“, голови – „јок“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација одигра квалитетен натпревар на тестот против Турција на националната арена во Скопје, но за жал единствено не успеа да постигне гол за запишување на заслужен триумф.

Горан Пандев и дружината беа далеку подобар противник, пред се во второто полувреме, кога создадовме неколку одлични можности за погодок. Во суштина, ние во два наврати ја тресевме противничката мрежа, но главниот судија ги поништи поради офсајд позиции головите на Даниел Мојсов во првото и Езгијан Алиоски во второто полувреме. Вториот оправдано поништен, а првиот неоправдано на штета на македонската селекција.

Како и да е, добра игра на избраниците на Игор Ангеловски како мотив плус за сето тоа што ги очекува на 11. јуни против Шпанија во квалификациите за СП 2018…

[new_royalslider id=”678″]

Се вчитува...