Игра што ветува, резултат што разочарува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Три натпревари за четири дена се премногу и за многу поискусни екипи, а не за младиот состав на Металург. Избраниците на Данило Брестовац пружија силен отпор и одиграа добро прво полувреме против фаворитот Спортинг. Но, и овој пат не издржаа во исто темпо и во вториот дел и на крај дојде уште еден пораз во ЛШ.

Тренерот Брестовац истакна дека во овие натпревари играта му е многу поважна од резултатот и во тој поглед во одреден дел може да биде задоволен. Металург веќе добива своја физиономија и препознатливост во играта. Но и понатаму проблем е падот во второто полувреме и прашањето како да се задржи ритамот и константноста во играта.

 

Се вчитува...