Играчот на Баерн Минхен, Ерик Максим Чупо-Мотинг е уникат во светскиот фудбал. Иако има играно и во Премиерлигата, и во Француската Лига 1, и во Германија, редовно освојува титули со „Баварците“ во последните две години, сепак, за него ниту еден клуб не платил ниту едно евро.
Камерунецот секаде каде што правел трансфери во Европа, доаѓал бесплатно. Така во 2011 година му се приклучи на Мајнц од Хамбургер како слободен агент. Во 2014 година се сели во Шалке, исто така како слободен. Три години подоцна оди во Англија, потпишува со Стоук за нула евра. Две години подоцна му се приклучува на ПСЖ и таму исто како слободен агент, за во 2020 година Баерн да го добие како „бек-ап“ на Левандовски за беспари.
Пред неколку дена беше стрелец на гол против Барселона. Интересно е тоа што се споменува негов трансфер на Олд Трафорд како замена на Роналдо по крајот на сезоната. И погодувате – ако отиде таму, може да се пресели како слободен, затоа што договорот со „Баварците“ му истекува летото 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА