Играч на 10. коло плеј-аут: Андреја Атанасов (ВИДЕО)

Последното коло од плеј-аутот ни донесе три интересни натпревари по кои на победи се радуваа Ангели кои славеа во Гевгелија против Кожув, МЗТ Скопје 2 кој славеше убедливо во натпреварот против Куманово и Работничи кој го доби гостувањето против Академија ФМП.

ЕКИПА избор за играч на 10. коло е Андреја Атанасов. Бекот на Ангели имаше одличен натпревар во „26ти Април“ каде со 21 поен и реализација 9/10 за два поени беше еден од лидерите на тимот во гостинската победа. Притоа младиот кошаркар додаде и 3 украдени топки, 2 скока и 2 асистенции.

Се вчитува...