Габриел Паулиста не успеа да ги сокрие солзите давајќи изјава за медиумите по поразот на Валенсија против Хетафе. Искусниот стопер даваше одговори додека можеше, а по едно прашање неговиот свет се „сруши“ и тој заплака пред камерата.
На прашањето како ќе го објасни фактот дека Валенсија се бореше за Лигата на шампионите, а сега се бори за опстанок, Габриел едвај успеа да даде одговор, го совладаа емоциите, па неговите очи се насолзија.
„Баш е*ено е да се слуша сето тоа … Тешко е да се помисли како толку голем клуб како Валенсија се бори за опстанок, но мора да ги заборавиме лошите натпревари и да гледаме напред, мислам дека можеме, затоа што сме Валенсија“, изјави Бразилецот.
Откако го заврши интервјуто, тој продолжи да плаче додека играчот на Хетафе даваше изјава. Еден од членовите на одделот за печат на Валенсија му пријде, го утеши и го однесе во соблекувалната.
Инаку, Валенсија во моментов е 14-та на табелата со 27 бода, на шест бода од зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА