Играч на Вилјареал доби црвен картон откако даде почит кон почината легенда на клубот

Фудбалерите на Вилјареал стигнаа до победа над Алмерија со 2-1 во 11. коло во Ла Лига, но неверојатно е тоа што се случуваше при првиот гол на „жолтата подморница“. Играчите на домашниот тим беа огорчени од одлуката на судијата Рикардо де Бургос Бенгоетче да му додели втор жолт картон на стрелецот на голот на Алекс Баенa, иако тој му оддаде почит на починатиот Хозе Мануел Ланеза, потпретседателот на клубот кој почина минатата недела во 75 година од животот.

Стрелецот Баенa при голот покажа маичка на која стоеше натпис: „Ти благодарам а се Ланеза“, но не го соблече дресот во целост, туку само преку глава, а судијата му покажа втор жолт картон, и го исклучи од натпреварот.

Навивачите жестоко реагираа, како и останатите играчи на Вилјареал, а потоа жолти картони добија уште некои играчи на Вилјареал. Сепак, на крајот Вилјареал и со играч помалку стигна до победата во 94. минута.

Се вчитува...