Играчите на Ајакс застанаа зад Онана

Голманот на Ајакс, Андре Онана поради користење на недозволени супстанци беше суспендиран на година дена откако го урината на Камерунецот при рутинска допинг контрола беше пронајдена недозволена супстанца фуросемид. Од раководството на клубот изјавија дека станува збор за помешување на апчиња и дека не станува збор за допинг, но и тоа не ја ублажи казната на УЕФА.

Фудбалерите на Ајакс пред дуелот против ПСВ Ајндховен му искажаа поддршка на својот соиграч откако искочија на тренинг со дресови на 24-годишниот голман.

„Суспензијата сама по себе е непроперционална, но идејата фудбалерот да не може да тренира со остатокот од тимот за време на траење на забраната за играње е целосно несфатливо. Направена е неправда, која доведува до непотребна изолација на професионален фудбалер и затоа бараме итно да биде отстранета“ – стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...