Играјте фудбал – Ван Дајк го откри мотивацискиот говор на Клоп од полувремето во Шпанија

Ливерпул се пласираше во уште едно големо финале во Лигата на Шампионите откако ја доби и реванш средбата со Вилајреал со 2-3. „Црвените“ одиграа лошо прво полувреме по кое имаа негатива од два гола со што Шпанците успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч, но Англичаните успеаја да стигнат до целосен пресврт во вторите 45. минути за потврда на пласманот во следната фаза.

По завршување на средбата Вирџил Ван Дајк, капитенот на Ливерпул ги откри мотивациските зборови на Јирген Клоп на полувремето.

„Играјте фудбал! Играјте на начинот на Ливерпул! Така како што играме цела сезона! Бидете постојано на топката, постојано движете и поместувајте ја последната линија. Со брзината која ја имаме мораме да ги мрднеме работите, мора да покажаме дека сакаме да бидеме во финалето. Тоа ни го кажа, и тоа го направивме“, изјави Ван Дајк за БТ Спорт.

Се вчитува...