Играше финале ЛШ, беше „мета“ на гигантите, а сега не може да најде ангажман

Има многу звучни имиња кои што во моментов се слободни и без клуб, но има и такви со огромно искуство, кои беа добри во свое време, барани од големи клубови, а сега не само што немаат, туку не можат ниту да најдат ангажман.

Еден од нив е српскиот стопер Невен Суботиќ. Суботиќ беше дел од Борусија Дортмунд, а го сврте вниманието кон себе со настапите во 2012 и 2013 година. Со Дортмунд ја освои двојната круна на убедлив начин, а во 2013 година играше финале во Лигата на шампионите под водство на Клоп. Суботиќ со Хумелс беа незаменлив дел од одбраната на „милионерите“, иако тогаш имаше 24 години.

Се јавуваа заинтересирани клубови како Ливерпул, Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, и се чинеше дека ќе биде еден од најдобрите стопери. Клоп силно го посакуваше во Премиер-лигата. Но, наместо тоа почнува вртоглав пад на кариерата.

За само три години од финалето во ЛШ, тој стигна до вториот тим на Дортмунд, па отиде на позајмица во Келн. Се проба и во Франција, во Сент Етјен, па се врати во Германија во Унион Берлин, потоа и во Турција во Денизли, па сега во Австрија во Алтах во обид да ја оживее кариерата, но без успех.

Инаку Суботиќ одби репрезентации како Германија и САД за да прифати да игра за Србија, но и од таму брзо се откажа. Забележа само 36 натпревари, и во 2013 година кога беше на врвот на кариерата, се откажа. Сега на 32 години е во потрага по нов ангажман, но никој не го сака. Последните информации се дека ќе замине да игра во Тајланд.

Се вчитува...