Играше со Леброн во НБА, а сега е бездомник и сака да се самоубие (ВИДЕО)

Играше со Леброн Џејмс во Кливленд, во кариерата заработи околу 16 милиони долари, а сега е бездомник кој сака да си го одземе животот. Делонте Вест не наликува на себе, се обидел да се самоубие фрлајќи се под автомобил, а возачот потоа буквално го претепал. Светската кошаркарска јавноста е во шок по најновите информации за животната приказна на кошаркарот кој осум сезони беше дел од НБА – лигата.

Делонте Вест во сезоната 2006/07 имаше просек од ѝ12,2 поени по натпревар. Но, по завршувањето на кариерата се соочил со манично – депресивна психоза, во 2009 година е уапсен поради користење на два пиштоли и препродажба на оружје. Последниот клуб во НБА му беше Далас, кој во 2012 година го отпушти поради лошо однесување и недисциплина. Сега тој е бездомник и потребна му е помош.

Се вчитува...