Игуаин: А сега… Барселона

Гонзало Игуаин цели пет натпревари беше без постигнат гол за Јувентус, но Аргентинецот во вистински момент се разбуди од голгетерскиот сон. Тој постигна по два гола на дуелот со Наполи во Купот на Италија, како и на синоќешната пресметка со Киево, по што ги повика соиграчите максимално да се фокусираат на претстојниот дуел – четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите против Барселона.

Не беше лесно да се игра против Киево, но најдовме простор, создадовме шанси и постигнавме голови за победа. Овој триумф ни овозможува полни со самодоверба да влеземе во мечот со Барселона. Играме против еден од најдобрите клубови во светот, ги почитувамме, но и тие исто така не почитуваат нас, никако нема да ги прецениме“ – изјави Игуаин.

Тој не сакаше да ги коментира свирежите што ги доби од навивачите на Наполи на претходните две средби на стадионот во Наполи.

Враќањето во Неапол за мене беше специјално, среќен сум што помогнав да дојдеме до посакуваните резултати и што ги израдував навивачите на Јувентус. Тоа е најважно за мене во моментов“ – истакна најдобриот стрелец на „старата дама“.

Се вчитува...