Игуаин: Ја напуштив Европа бидејќи таму немаш мир да уживаш во оваа прекрасна игра

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин летово го напушти Јувентус и одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига. Тој потпиша договор со Интер Мајами, клуб чиј сопственик е легендарниот Дејвид Бекам. Тој во изјава за италијанските медиуми вели дека конечно повторно е среќен.

„Интер Мајами ми даде се за повторно да бидам среќен. Сакав повторно да се чувствувам среќно исто како на стартот од кариерата кога како дете уживав во оваа игра. Во Европа се губи тоа чувство поради многу причини. Секој ден мора да се докажуваш и си под голем притисок. Не можев веќе да го издржам тоа и затоа ја напуштив Европа. Таму едноставно не ти даваат вистинска шанса да уживаш во оваа прекрасна игра“, изјави Игуаин. 

Игуаин веќе запиша шест настапи за тимот од Флорида на кои еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...