Игуаин: Ова е силата на Јувентус, да се врати посилен и да победи

Јувентус успеа да слави против Наполи со 3-1 во првиот полифинален дуел од Купот на Италија. Ќе следи и реванш во Неапол, а „старата дама“ извлече триумф иако имаше негатива по првото полувреме. Но, во вториот дел со двата гола од пенал на Дибала и погодокот на Игуаин, Јуве стигна до целосен пресврт.

„Во првото полувреме Наполи ни создаде огромни проблеми со високиот пресинг. Немавме потребен ритам, а тие успеаја и да поведат. Но, на полувремето добивме совети од тренерот Алегри да останеме смирени, да притискаме и тоа и го сторивме. Ова е силата на Јувентус, да се врати посилен и да победи. Но, не е се завршено. Имам огромен респект кон Наполи, тоа е одличен тим, и јас ги почитувам сите“, изјави Гонзало Игуаин, кој не го прослави погодокот со кој донесе водство од 2-1.

Се вчитува...