Игуаин се враќа во Италија, но во дресот на Рома?

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин ќе се врати во Италија по звавршувањето на сезоната. Тој како позајмен играч од Јувентус пристигна на „Стемфорд бриџ“, а претходно исто така на позајмица играше во Милан. Но, би можел да заврши во друг клуб во Серија А.

Италијанските медиуми најавуваат дека Игуаин е блиску до трансфер во Рома, oсобено доколку и Маурицио Сари, сегашниот менаџер на Челси го напушти Лондон и го преземе составот на „волчицата“. Сари работеше со Игуаин и во Наполи, сега и во Челси, а двајцата заедно ова лето би можеле да се преселат во Рим.

Јувентус е подготвен да го продаде Аргентинецот за 30 милиони евра, само да се ослободи од големата плата што ја зема Игуаин.

Се вчитува...