Игуаин со два гола за триумф на „Старата дама“… (видео)

Јувентус продолжува со цврст од кон новата шампионска круна во Серија А, победувајќи во 31. коло со 2-0 против екипата на Киево.

Творец на триумфот на „Старата дама“ во Торино беше Гонзало Игуаин со два погодоци, првиот во 23. минута а вториот во 84. минута, за конечни 2-0.

All Goals & Highlights HD – Juventus 2-0 Chievo… by Super-By

Со најновите три бода, Јувентус има 77 бода на чело на табелата, девет повеќе од второпласираната Рома која има и натпревар помалку, оној утрешниот на гостински терен против Болоња.

Се вчитува...