Светската ракометна федерација ИХФ денеска го објави списокот од пет финалисти кои ќе бидат во конкуренција за признанието „Најдобар ракометар за 2021 година“.
Петмината финалисти доаѓаат од четири различни држави, светскиот првак Данска има двајца ракометари на листата, додека по еден претставник имаат олимпискиот шампион Франција, како и поранешниот и новиот европски првак Шведска и Шпанија.
Интересно, на финалниот список го нема Микел Хансен, но претставници на Данска се голманот Никлас Ландин и десниот бек Матијас Гидсел.
Алекс Душебајев од Киелце е претставникот на шпанскиот ракомет во овој финален список на ИХФ, во кој за ривали ги има уште и Лудовик Фабрегас, пивотот на Барселона и на француската репрезентација, како и шведскиот „бомбардер“ Џим Готфридсон, кој беше МВП на последниот европски шампионат.
Presenting the nominees for 2021 IHF Male World Player of the Year 💪
🇩🇰 Niklas Landin
🇪🇸 Alex Dujshebaev
🇩🇰 Mathias Gidsel
🇫🇷 Ludovic Fabregas
🇸🇪 Jim GottfridssonVoting starts March 7 on https://t.co/lYxJ8E2S0G 🙌 Read more ➡️ https://t.co/HjSNgis8pa#bestofhandball pic.twitter.com/pH8y1M68oY
— International Handball Federation (@ihf_info) February 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА