ИХФ реши: Ракометните светски првенства со по 32 репрезентации

По 32 репрезентации ќе учествуваат во ракометните светски првенства почнувајќи од шампионатот во Египет во 2021 година, беше одлучено денеска на состанокот на највисоките претставници на ИХФ одржан во Доха.

Веќе подолго време се дискутираше на оваа тема, поради желбата на ИХФ да го зголеми бројот на учесници од 24 на 32 национални селекции, за да им даде можност на повеќе држави да почувствуваат како е да се биде дел од елитното натпреварување. Денешниот состанок значеше и дефинитивно „аминување“ на оваа одлука, па по претстојниот Мундијал во Данска и Германија во јануари 2019, сите наредни ќе бидат со по 32 учесници.

Одлуката се однесува на шампионатите почнувајќи од 2021 година, и тоа и за младинските како и за сениорските првенства, и во машка и во женска категорија.

За потсетување, ЕХФ исто така реши да го зголеми бројот на селекции за европските шампионати, од 16 на 24 почнувајќи од ЕП 2020.

Се вчитува...