Икарди е ‘избришан’, Интер си бара нов напаѓач

Италијанскиот калчолигаш Интер одлучи да стави крај на ситуацијата со Мауро Икарди и ќе го продаде на крајот од сезоната. Спортскиот директор Џузепе Марота веќе работи на доведување на неговиот наследник. Покрај Лаутаро Мартинез, кој сега е главна алка во нападот на Лучијано Спалети, „нероаѕурите“ размислуваат за уште три имиња.

Прва желба на Интер е Един Џеко, босанскиот интернационалец кој го носи дресот на Рома. Тој има договор до крајот на сезоната и би можел да пристигне како слободен агент на „Џузепе Меаца“. Раководството на миланскиот клуб размислува и за Дуван Запата од Аталанта, кој има одлична сезона во Серија А, но и за можноста да го врати Единсон Кавани во италијанскиот шампионат. Одамна се најавува дека Уругваецот ќе си замине од ПСЖ и дека ќе се врати на Апенините каде живее неговото семејство.

Се вчитува...