Иако Галатасарај има намера да го откупи неговиот договор од ПСЖ, Мауро Икарди наводно искажал желба на лето да се врати во Италија. И тоа би можел повторно да игра во Милано, но овојпат не во Интер, туку во дресот на Милан. Наводно и Жозе Мурињо го сака во таборот на Рома.
Тој наводно чека клубовите да ги зголемат понудите и потоа да се врати. Рома сега се интересира за него, додека Милан уште минатото лето го сакаше во своите редови.
На 14 натпревари во Турција, Икарди постигна девет гола и запиша шест асистенции.
И додека брка трансфер, се пошува и за неговиот однос со популарната Ванда Нара. Икарди ги посетува ноќните клубови во Турција, но Ванда засега не реагира. Се чини дека одново се заедно, со оглед дека Ванда повторно објавува фотографии со Мауро. Нара наводно се му простила на својот сопруг, а Икарди засега молчи за неговата врска со Ванда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА