Икарди пронајде начин да ја заврши сезоната во Интер

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди го навлече гневот на навивачите на Интер, со постојаните скандали во кои е вмешан заедно со неговата сопруга Ванда Нара. Тој јасно порача дека нема да се врати на терените се додека не му се врати капитенската лента.

Засега нема најави дека капитенската лента ќе му биде вратена и покрај напорите на претседателот Стивен Жанг сите проблеми во случајот Икарди да бидат решени.

Бидејќи не се гледа решавање на проблемот, Икарди одлучи да замине на операција на коленото со што ќе стави крај на настапите за Интер оваа сезона.

Интересно е тоа што сите испитувања на лекарските екипи во клубот покажале дека нема никакви оштетувања. Сепак, Икарди константно тврди дека е повреден и дека не може да настапува.

Во меѓувреме Икарди започна со терапија, а се очекува во наредните денови да замине за Барселона на консултации со специјалист за операции на ваков тип на повреди.

Се вчитува...