Икарди се огласи: Подобро да молчите и да се правите глуп, отколку….!

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди одлучи да се огласи по синоќешната победа на Интер во Лигата на Европа против австриски Рапид.

Аргентинецот повторно е во центарот на вниманието на италијанската јавност поради судирот со управата, соиграчите и тренерот… Многумина велат дека за се е виновна неговата сопруга Ванда Нара која неодамна го нападна Спалети но и соиграчите на Мауро, запрашувајќи се зошто нејзиниот сопруг не постигнува голови како порано.

По „малата сцена“ која Ванда Нара им ја приреди на сите во Интер, челниците на клубот се одлучија да му ја одземат капитенската лента на Икарди. Поради тоа тој одлучи да не патува со тимот на гостувањето против Рапид во Виена, со лажно оправдание дека е повреден.

Икарди досега не се огласуваше на оваа тема, но по синоќешниот натпревар одлучи да постави интересен цитат на својот Инстаграм профил…

„Подобро да молчите и да се правите глуп, отколку да проговорите и да отстраните секаква сомнеж“ – напиша Мауро, цитирајќи го американскиот писател Марк Твен.

Се вчитува...