Икарди се врати, но навивачите не му простуваат: Губи се од тука…!

Мауро Икарди се врати во составот на „нераѕурите“ по повеќе од еден месец и го раздвижи Интер кон убедлива победа. Пред два дена Интер славеше против Џенова со 4-0 на гостински терен во 30. коло на Серија А и така ја продолжи борбата за пласман во Лигата на шампиони.

Аргентинецот од кого навивачите се откажаа, одигра неверојатен натпревар, постигнувајќи гол од пенал а потоа му асистираше и на Иван Перишиќ. Но, навивачите на Интер и јавно на челниците на клубот им порача да го продадат бидејќи не заслужува да го носи црно-синиот дрес. Меѓутоа, кога поранешниот капитен даде гол за водство на Интер од 2-0, дел од навивачите почнаа да го прославуваат погодокот, но еден од лидерите на тифозите на клубот повика сите да се воздржат, па трибината набрзо замолкна.

Бесните навивачи го навредуваа и во текот на натпреварот со повиците: „Губи се од тука, го.но едно!“

Ова беше јасен показател дека тие немаат намера да му простат, после низата гафови а се уште е свеж нивниот судир по неговата автобиографија во која ги навредува најверните поддржувачи на миланскиот клуб.

 

Се вчитува...