Икарди си го отпушти телохранителот бидејќи ја сакал Ванда Нара

За Мауро Икарди и Ванда Нара нема мир. Откако аргентинскиот пар едвај го спаси бракот по сапуницата со атрактивната актерка Мариа Суарез, аргентинските медиуми соопштуваат дека фудбалерот на ПСЖ го отпуштил својот телохранител кој е вљубен во Ванда.

Агустин Лонгеира кој зад себе има воено искуство не ја крие љубовта, а за тоа говорат неговите коментари на социјалните мрежи каде на прашања за Ванда говори со суперлативи.

„Каква е Ванда? – Генијална; Дали сакаш да легнеш со Ванда? – Кој не би сакал; Што чувствуваш за Ванда? – Многу љубов; Дали би започнам љубовна врска со мажена жена? – Да“се само дел од одговорите на Лонгеира.

Се вчитува...