Јирген Клоп не го криеше задоволството откако синоќа против Србија го прослави првиот триумф како селектор на Германија, рутински славејќи со 2-0.
Резултатот можеше да биде уште поубедлив ако Германците искористеа уште некоја од бројните шанси што ги создадоа, но Клоп беше видно задоволен што во третиот обид се израдува на првиот селекторски триумф.
„Што ми се допадна? Буквално се… како отворивме, како игравме пред паузата, како доминиравме до крај. Позиционирањето во нивниот шеснаесетник беше неверојатно, игравме храбро, фудбалерите увидоа каква слобода можат да имаат во играта во напад ако сите заедно работат за да ја одземат топката кога е кај противникот. Сите беа дел од нашиот пресинг, дефанзивците одлично се снаоѓаа, игравме беспрекорно без топка. Севкупно гледано, ова беше прекрасен фудбал од нашата страна, но мораме веднаш да го оставиме зад себе, да не славиме премногу туку да се обидеме да ја повториме оваа партија веќе на наредниот натпревар“, истакна Клоп.
А следен предизвик е гостувањето во Грција и обидот Клоп и неговите избраници да се одмаздат за поразот на домашен терен од пред неколку дена од нашиот јужен сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
