Илчо Ѓорѓиоски на средба со челниците на Торино и Италијанската федерација (ФОТО)

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски пред утрешниот квалификациски натпревар меѓу Македонија и Италија во Торино денеска оствари средби со челниците на италијанскиот прволигаш Торино како и Италијанската фудбалска федерација.

Ѓоргиоски имаше средба со раководството на Торино предводено од потпретседателот Џузепе Каиро, како еден вид клуб домаќин на дуелот на двете национални селекции.

Првиот човек на ФФМ оствари официјална средба и со првите луѓе на Италијанската федерација на која уште еднаш отворено се нагласи желбата за продлабочување на соработката на двете федерации во иднина.

Се вчитува...