Илчо Ѓорѓиоски: Не знам зошто Купот уште се игра како во пандемија… Захариевски: Домашниот терен е предност за нас!

Купот на Македонија, согласно пандемиските услови од пред две години, и оваа сезона ќе се игра само со по еден натпревар се додека се добие освојувачот на трофејот.

Таа одлука беше донесене за време на пандемијата, како би се скратиле активните спортски собири, но останаа и оваа сезона за што реагира шефот на стручниот штаб на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски.

Штипјани во четвртфиналето од Купот ќе гостуваат во Струга на лидерот во шампионатот во една од двете најинтересни двојки во четвртфиналето, покрај пресметката меѓу Шкупи и Шкендија.

„Не знам кој донел една ваква одлука. Нема пандемија, а ние работиме и натаму како во пандемиски услови. Навистина чудна и несфатлива одлука. Екипите кои гостуваат на овој начин сега се неправедно во подредена улога, не можејќи да возвратат да играат на домашен терен. Нас не очекува пресметка со Струга ТЛ која е најдобра екипа во лигата, но резултатите доволно говорат за оваа екипа. Но, и покрај тоа што играме на гостински терен секако без предавање целта е да се мине и ова коло, иако јасно е дека во Купот мораше сите екипи да имаат рамноправен третман, а не некои да бидат привилегирани“ – вели Ѓорѓиоски.

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски, пак, верува дека неговата екипа има мала предност токму поради домашниот терен.

„Се знаеше дека кој и паднеше во ова фаза, сите екипи можам да кажам дека сме на исто рамниште. Ние за противник ја добивме Брегалница, еден многу добар тим, но домашниот терен за нас е мала предност, така да верувам дека ќе продолжиме понатаму” – вели Захариевски.

Се вчитува...