Илиески на проба во данскиот Одензе

Младиот дефанзивец на Победа, Дарко Илиески е пред трансфер во данскиот прволигаш Одензе.

21-годишниот Илиески веќе се приклучи на тренинзите на Одензе каде треба да мине извесен тест период пред официјализирање на евентуалниот трансфер.

Тренерот на Одензе, Кент Нилсен вели дека се работи за талентиран млад фудбалер кој би можел да донесе свежина за тимот.

„Секогаш сме отворени да тестираме млади фудбалери. Еден од нив е и Илиески, па ќе видиме дополнително дали во иднина ќе остане со нас“ – вели Нилсен.

Илиески во есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига беше стандарден во одбраната на Победа, одигрувајќи 15 натпревари.

Се вчитува...