Илиески од Победа замина на операција на коленото

Централниот дефазивец на Победа, Дарко Илиески, денеска е опериран во Скопје. Тој заработи повреда на коленото на левата нога при еден бескомпромисен старт на минатонеделниот пријателски натпревар со Мачва во Охрид.

Хируршката интервенција на менискусот на левото колено по ласерски пат ја изврши познатиот хирург д-р Боро Илиев. Според најавите, Илиески за 15 дена ќе може да почне со полесни тренинзи, а се очекува во полна натпреварувачка форма да биде околу два месеци. Со оглед на тоа, тој ќе може да се стави на располагање на тренерот Бубања за последниот четврти круг од шампинатот во Првата лига.

Се вчитува...