Илиевски: Да се стави крај на циркузантите во мак-баскетот

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, вината за поразот во полуфиналето од Феникс ја гледа во слабиот почеток на натпреварот откако неговиот тим се најде во негатива од 17 поени.

Притоа, стратегот на битолчани испрати порака да се стави крај на „циркузантите во кошарката кои ги расипуваат ваквите спортски настани“.

„Одигравме еден натпревар кој изобилуваше со многу поени. Ние практично во почетокот го загубивме натпреварот со 17 разлика, која подоцна успеавме да ја стигнеме. Сето останато што се случуваше на паркетот, не сакам да го коментирам. Купот е организација за сите љубители на кошарката, му честитам на организаторот, но мора да потенцирам дека треба да се стави крај на циркузантите да го расипуваат сето ова. Се појавуваат екипи кои создаваат една слика, сосема поразлична од она која била во минатото, а притоа се поддржани од некои играчи чиј однос не е пример за сите оние кои доаѓаат и навистина жалам за тоа“- гласи коментарот на Марјан Илиевски, тренерот на екипата од Битола.

Се вчитува...