Илиевски: Ќе биде тешко со Ренова, но подготвени сме за надигрување

Работнички гостува во Тетово против Ренова во петтото коло од Првата македонска фудбалска лига.

По четири одиграни натпревари и двата тима имаат по седум бода, сега и двата со амбиции за нови три во битката за продор на водечките места на табелата.

Дефанзивецот на „романтичарите“, Бојан Илиевски очекува тежок и неизвесен натпревар.

„Ренова е квалитетен тим кој дополнително се засили во преодниот рок и добро ја започна новата сезона. Играат цврсто, посебно на домашен терен и не дозволуваат често да се тресе нивната мрежа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар утре во Тетово во кој една грешка или еден добар потег би можеле да бидат решавачки за резултатот. Што се однесува до нас, Работнички е подготвен за надигрување, веруваме дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите што ќе ги постави шефот на  стручниот штаб Александар Влахо. Ако го сториме тоа, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“ – вели Бојан Илиевски.

ПРВА ЛИГА (5. КОЛО – денеска, 16 ч.)

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Се вчитува...