Илиевски: Победивме, но можеме да играме многу подобро

Блокотехна забележа победа над незгодниот состав на Академик на стартот од новата авантура во БИБЛ-лигата. Во меч во кој неговиот тим имаше осцилации во играта, тренерот Марјан Илиевски изрази задоволство од конечниот резултатот, но не и од целокупното издание на неговата екипа.

„Мислам дека фактот дека ова беше наш прв домашен натпревар во БИБЛ сезонава придонесе да се создаде притисок врз моите играчи. Резултатот покажува дека сме биле подобар противник, им честитам на моите кошаркари, но знам дека можеме да играме многу подобро во периодот што следи“ – изјави Илиевски.

Во главна улога на синоќешниот натпревар беше Данило Мијатовиќ, кој со 37 поени беше незапирлив за гостинските кошаркари.

Знаевме дека Академик е силен тим, и лани нашите дуели со нив беа максимално неизвесни. Тие се физички одлично подготвени, но и ние бевме во ритам, се подготвивме за нив и заслужено победивме. Се надевам дека ќе продолжиме со добри игри и победи, како во домашното првенство, така и во БИБЛ-лигата“ – истакна Мијатовиќ.

Се вчитува...