Илиевски: Повредите се само мотив плус за Блокотехна во Тирана

Екипата на Блокотехна тренираше во Тирана, каде утре ќе го почне својот втор фајналфор турнир во БИБЛ-лигата. Ривал на македонскиот прволигаш е бугарскиот претставник Академик Бултекс, а тренерот Илиевски се соочи со огромни проблеми во пресрет на ова натпреварување.

„За сите во клубот огромна чест и задоволство е што повторно сме дел од фајналфор турнирот. За жал, се соочивме со сериозни проблеми поради повредите на Главчев и на Мијатовиќ, кои се главни играчи и според квалитетот и за создавање на тимска хемија. Ако на ова се додаде и отсуството на Лефкоски, како и на фактот дека не ни беше дозволено да пријавиме нови играчи во ростерот, јасно е дека осетно ослабени ќе настапиме во Тирана. Како и да е, повредите се само мотив плус за оние кои ќе настапат успешно да ги бранат боите на нашиот клуб“ – изјави Марјан Илиевски во пресрет на овој фајналфор турнир.

Натпреварот меѓу Блоктехна и Академик Бултекс се игра утре со почеток во 17 часот. Во второто полуфинале домаќинот Теута ќе се сретне со Берое, тимот што имаше најдобар скор во лигата во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...