Илиевски со 10 гола го однесе Мулти Есенс до триумф над Вардар Неготино

Ракометарите на Мулти Есенс ја запишаа и втората победа во Групата Б од Суперлигата на Македонија триумфирајќи во 7. коло против Вардар Неготино со 30-27 (15-14).

Во натпревар кој го одбележа израмнет поголемиот дел од средбата на крај сосема заслужена победа на Мулти Есенс, чии млади ракометари беа далеку поприсебни во второто полувреме кога и дефинитивно го решија тимот од Неготино. Мулти Есенс во второто полувреме имаше предност и од 27-22, но до крај гостите успеаја барем малку да го ублажат поразот.

Предводник во триумфот на Мулти Есенс беше Божидар Илиевски кој постигна десет гола.

Вардар Неготино, пак, и по седум кола остануваат, заедно со Куманово и со Скопје од Групата А, единствените екипи без победа досега во Суперлигата на Македонија.

Се вчитува...