Пелистер и Брегалница денеска во Охрид од 14 часот го отвараат 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По ремито на пелагониското дерби со Победа, односно поразот од Ренова во Штип, и двете екипи сега сакаат поправен на стартот од пролетната сезона. „Пелистерци“ во битката за европски излез, а „сините“ за опстанок.
И офанзивецот на Пелистер, Баже Илијоски е свесен дека е пропуштена можност за триумф на стартот против Победа. Токму поради тоа сега не смее да има кикс.
„Не може така лесно да го заборавиме фактот што пропуштивме триумф против Победа, но мора да мислиме сега на Брегалница. Задоволен сум што запишав деби гол во дресот на Пелистер, но тоа е најмалку важно. Најважно е сега против Брегалница да нема кикс. Мора да одиграме максимално, и без разлика на тоа што нема да играме во Битола да стигнеме до трите бода“ – вели Илијоски.
Но, ниту Брегалница не допатува во Охрид однапред предадена. Битката за опстанок ги тера штипјани да мислат на позитивен резултат.
„По поразот од Ренова во Штип се наоѓаме во многу тешка сутиација. Но, не дојдовме на дуелот против Пелистер за однапред да се предадеме. Напротив, мора да одиграме со сите сили и да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат“ – вели тренерот на Брегалница, Здравко Цветаноски.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 часот)
Охрид: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА
УТРЕ (14 часот)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА