Илијоски: Со рецептот од Чаир да се обидеме да победиме и против Ренова

Работнички оствари триумф (1-2) против Шкупи во минатото коло и се врати на победнички колосек, а капитенот Баже Илијоски се надева дека со идентичен рецепт „романтичарите“ можат да слават и на гостувањето во Тетово против Ренова.

„По триумфот на Чаир малку кренавме глави. Но, треба да продолжиме да работиме и да се обидеме да победиме и против Ренова во Тетово. Ние и понатаму ќе дадеме се од себе за да обезбедиме пласман во Лигата на Европа следната сезона. Имавме негативен период, но верувам дека сето тоа е зад нас и дека сега ќе продолжиме во позитивна насока“, изјави Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...