Илиоски, Кипровски, Мировски и Гроздановски денеска во рингот во битка за место во завршницата на Светското првенство во кик бокс

Лука Кипровски, Силвио Мировски, Бобан Илиоски и Климент Гроздановски денеска се македонските репрезентативци кои ги продолжуваат настапите на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ.

Прв во денешните осминафинални квалификации се појави Пепи Велковкој ја загуби борбата против Аликан Оздојев од Казахстан.

Во втората половина од квалификацискиот ден преостануваат борбите на Лука Кипровски против Ерен Бајрам Целеп од Турција, на Силвио Мировски против Лазар Ступар од Србија, на Бобан Илиоски против Сунара Раул од Хрватска.

Климент Гроздановски во дисциплината Лоу Кик ќе се бори против Украинецот Павло Замјатин, додека во дисциплината Кик Лоу против Франз Џошуа Мат Знер од Јужноафриканската република.

„Условите поточно климатизацијата во салата каде се одржува првенството се неадекватни. Во салата е навистина многу ладно поради климатизацијата, па деновиве покрај борбите во рингот се бориме и со настинки, ако се знае, пак, дека надвор температурите се над 30 степени“ – информираат од Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.

Се вчитува...